Грција распореди оклопни возила на Егејските острови со невоен статус спротивно на меѓународното право, јавува „Дејли Сабах“
Десантните бродови транспортираа воени возила донирани од САД на Лезбос и Самос.
Со таквите активности, Грција го прекршува меѓународното право во однос на демилитаризираните острови.
Безбедносни извори ги опишаа настаните на 18 и 21 септември како најсилен показател дека Грција продолжува да ги вооружува островите во близина на Турција и го крши статусот на демилитаризирани подрачја, наведува Анадолија.
Изворите ги оцениле како неприфатливи овие „агресивни акции“ на Грција, која е сојузничка во НАТО, и како спротивни на меѓународното право и духот на сојузништво.







