Грција: Прв можен случај на мајмунски сипаници!?

Националната здравствена служба на Грција (ЕОДИ) соопшти дека го регистрирала првиот можен случај на мајмунска сипаница.



Во тек се лабораториски анализи, чиј резултат треба да го потврди тоа.

„Се работи за англиски турист кој бил сместен во болницата Атикон“, се додава во соопштението.

Резултатите од анализата ќе бидат познати во понеделник, соопшти грчката здравствена служба.

Светската здравствена организација соопшти дека досега се регистрирани околу 80 потврдени случаи на мајмунски сипаници, а потврда од лабораторијата се чека за околу 50.

Израел и Швајцарија се последните земји кои потврдија случаи на мајмунски сипаници, со што вкупниот број на нации кои пријавиле епидемија порасна на 14.