За уште една седмица, односно до 3 мај 2021 година, Грција ги продолжи одлуките за забраната за влез на државјани на трети земји, во кои спаѓа и Македонија.
Дописничката на МИА од Атина јавува дека во одлуката одлукатае додаден нов став што се однесува на задолжителниот ПЦР тест што патниците треба да го покажат при влезот во земјата и наведено е дека важи и за деца кои наполниле пет години, нешто што не беше споменато во претходните одлуки.
Од задолжителниот карантин и забраната за влез, исклучок се државјаните на членките на ЕУ и на уште 11 други трети земји, кои задолжително треба да имаат или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.
Исклучок, како и досега се државјаните на земјите членки на Европската унија и Шенген зоната и државјаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Русија, Руанда, Сингапур, Израел и Србија.
За сите патници кои пристигнуваат во Грција, задолжително е пополнување на електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form).
Границите на Грција за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани се затворени над 13 месеци, откако лани, за време на првиот карантин во март, беше воведена одлуката, а оттогаш континуирано се продолжува.







