Додека земјите од Европската унија ги затворат вратите за мигрантите – а Италија и Малта минатата недела одбија да дозволат брод со 600 имигранти да пристапи до нивните пристаништа – грчките власти ќе ги отварат одново камповите и прифатните објекти на копното (покрај оние кои функционираат на островите) за да ги примат зголемениот број на баратели на азил.
„Катимерини“ дознава дека по серијата состаноци минатата недела, , Министерството за миграциона политика одлучи да отвори уште четири кампови, кои биле изградени за време на бегалската криза во 2015 година.
На тој начин, вкупниот број на оперативни центри за прием на мигранти во Грција ќе биде 25.
Просечно по 75 мигранти дневно пристигнуваат на грчките острови во Егејското Море. Вкупно 12.065 луѓе оваа година влегле во земјата заклучно со 11 јуни.




