Грција се бори со енергетската криза со 6 милијарди евра.
Владините интервенции за справување со енергетската криза ќе достигнат 6 милијарди евра до крајот на 2022 година, изјави во средата министерот за финансии Христос Стаикурас.
Како што цените продолжуваат да растат, трошоците за владината поддршка за домаќинствата и бизнисите продолжуваат да растат и додаваат значителен елемент на несигурност и ризик за владиното креирање на економската политика.
Цените на природниот гас моментално се 230 евра за мегават час (Mwh), додека пред една година се движеа помеѓу 45 и 50 евра за мегават час; цените на бензинот ги надминаа сите владини прогнози.
Она што засега го спасува буџетот од колапс е поголем од очекуваниот бруто-домашен производ, делумно засилен од рекордните пристигнувања и трошења на туристи, како и инфлацијата.
Единствената политика за поддршка која сигурно ќе продолжи е субвенционирање на сметките за струја на домаќинствата и малите и средни бизниси, изјави Скилакакис во средата за приватната телевизија Скаj. Тој додаде дека не е пророк и не може да предвиди како ќе се развиваат цените на природниот гас. Њуз.бг







