Во Грција, во последните 24 часа се регистрирани 43 нови случаи на коронавирус од кои 36 се туристи.



Според Националната организација за јавно здравје, од 43 ново заразени, 36 биле откриени на граничниот премин Кулата Промахонас на бугарско-грчката граница, од кои 20 се од Србија и 16 од други земји.

Грција ги затвори границите за влез на српски до 15 јули, кога одлуката ќе биде преиспитана.