Премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека минималната плата во земјата ќе се зголеми за 50 евра, со што ќе се зголеми од 663 на 713 евра.
Ова е второ зголемување од јануари досега, при што минималната плата лани пораснала за 9,7 отсто, објави „Катимерини“.
Одлуката доаѓа во услови на зголемена инфлација, која достигна 8,9% во март, што е највисоко ниво во последните 27 години. Природниот гас поскапе за 68,3% на годишно ниво, а електричната енергија за 79,3%.
За грчките работници, ова покачување е еднакво на уште една месечна плата покрај 14-те што моментално ги добиваат, влучувајки ги празничните бонуси, како и дополнителните средства за Велигден и Божиќ.







