Атина нема да го промени ставот за Косово, но очекува да види нормализација на односите со Приштина и поддржува продолжување на дијалогот Белград-Приштина, му порача грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на српскиот претседател Александар Вучиќ при неговата посета на Белград, пренесува Exit.al.
„Не видовме никаков напредок во последните месеци и знам дека Александар се обврза да ги продолжи преговорите за да се реши овој проблем на фер начин“, рече Мицотакис.
Минатата година имаше гласини дека Грција планира признавање на Косово.
Пет земји на ЕУ – Грција, Словачка, Шпанија, Романија и Кипар – моментално не ја признаваат независноста на Косово прогласена на 17 февруари 2008 година.
Сите освен Кипар се исто така членки на НАТО.






