Грција нема да биде „порта“ кон ЕУ за авганистанските бегалци

Грција не може да стане „порта“ кон Европската унија за Авганистанците кои бегаат од конфликтот во својата земја, рече денеска министерот за миграции повикувајќи се на заеднички одговор на ЕУ за кризата.



„Јасно кажуваме дека не сакаме и нема да бидеме врата кон Европа за бегалците и мигрантите кои би се обиделе да дојдат во Европската унија, изјавил министерот Нотис Митаракис за државната телевизија ЕРТ.

Митаракис ја истакна потребата од заедничка миграциска политика, додавајќи дека неговата земја ќе продолжи да ги контролира морските и копнените граници со Турција.

„Не сакаме да видиме друга 2015 година“, рече тој, мислејќи на бегалската криза во Европа таа година, кога преку 850.000 мигранти влегоа во Грција од Турција.