Лидерот на опозициската Неа емократија, Кирјакос Мицотакис вели дека Грција секогаш ќе стои зад „неотуѓивите права на грчкото малцинство“ во Албанија.
(Југот на Албанија, Грците го нарекуваат Северен Епир како што Јужен Епир за Албанците е Чемерија -н.з.)
Изјавата, Мицотакис ја дал на денешната божикна прослава во седиштето на Сојузот на Северен Епир „Омонија“ околу кој гравитира грчкото малцинство во Албанија..
„Патот на Албанија кон ЕУ и европските институции е во согласност со почитувањето на правата на грчкото малцинство“ истакнал Мицотакис, испраќајќи јасна порака до албанската влада.




