Наспроти тврдењето на премиерот Зоран Заев по средбата со грчкиот колега Кирјакос Мицотакис во Солун неодамна дека јужниот сосед ќе лобира за почеток на преговори на Македонија со Европска унија, Грција не е меѓу седумте членки што побараа Унијата да се изјасни за проширувањето до јануари.



„Седум ЕУ-членки (Австрија, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка, Италија, Полска) ја повикуваат Европска комисија до јануари 2020 година да извести за досегашниот тек на пристапните преговори и да предложи конкретни чекори овој процес на интеграции да биде поефикасен. Случајно или не, Грција не е дел од овој конструктивен притисок“, забележува на Твитер пратеникот Антонио Милошоски.

Покрај Грција, меѓу седумте земји-лобисти не е ни Бугарија, наспроти многубројните спротивни пораки од бугарската Влада, но и од македонската на чело со Заев.