Грција: Најстроги казни за фудбалските хулигани

Обвинител на на Врховниот суд ги повика колегите да ја искористат целата сила на законот против луѓето кои се вклучени во фудбалски хулиганизам.



ОЗахаријас Кокинакис, заменик-обвинител во Високиот суд во земјата, рече дека хулиганите фатени на дело треба да бидат уапсени на лице место, да се испитаат во рок од 30 дена и да ја отслужат казната во затвор.

Апелот доаѓа откако 19-годишниот Алкис Камбанос почина откако беше избоден до смрт од навивачи на ривалски клубво понеделникот во Солун.

Кокинакис рече дека поради ограничувањата на Ковид-19, насилството меѓу навивачите се проширило надвор од стадионите и добило карактеристики на сериозно кривично дело.

Тој рече дека во случаите на многу насилници, тие треба да се третираат како организирана криминална група. Во овој случај, казните ќе бидат потешки.