Грција ја демонстрираше својата одбранбена моќ со прелетот на шест борбени авиони „Рафал“ над Акропол само неколку часа откако пристигнаа од Франција.
„Овие нови воени авиони ги прават нашите воздушни сили едни од најсилните во Европа и Медитеранот“, рече премиерот Киријакос Мицотакис, присуствувајќи на церемонијата на прием во воздухопловната база северно од Атина.
Авионите полетале од пистата во Истрес во Франција и слетале во воздухопловната база Танагра на северот на Атика.
Свечениот пречек бил пренесуван во живо на државната телевизија ЕРТ со изрази како „историски момент“ и „национална гордост“.
Во базата Танагра, свештениците ги пречекале авионите и ги попрскале со света вода.







