Пред денешната посета на Атина, германската канцеларка Ангела Меркел ја изрази својата поддршка за Грција и реформските напори на земјата во ексклузивна изјава на „Катимерини“, истакнувајќи дека Грција „може да продолжи да смета на своето партнерство и пријателство со Германија“.



Меркел, која последен пат ја посети Грција во април 2014 година под претходна влада предводена од конзервативците, призна дека „изминатите неколку години беа многу тешки за многу луѓе во Грција“.

“Грција и Германија имаат блиски врски и преку бројни билатерални односи и како партнери во Европската унија и НАТО”, рече таа, Меркел за „Катимерини“ рече дека се надева на „добри разговори и интересни состаноци“ за време на нејзината дводневна посета.

Од Меркел,  се очекува да ја повтори својата поддршка за договорот за името Преспа.

Вчера, портпаролот на Меркел, Штефен Зеиберт, рече дека решението на спорот за името е историска шанса, и нагласи дека Ангела Меркел е оптимист во врска со можното решение на спорот за името. 

За поддршката на Меркел на Договорот од Преспа, грчкиот премиер истакна дека „секој логичен човек во Европа ќе го поддржи договорот“.

Лидерот на Неа емократија Кирјакос Мицотакис се очекува на Меркел да ѝ ја повтори позицијата дека нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во актуелниот, ниту во следниот парламент во кој ќе има мнозинство.