Пред утрешната официјална тридневна посета на Грција , во ексклузивна изјава за „Катимерини“ британскиот принц од Велс рече дека Грција била во неговата крв.
„Грција е во мојата крв и долго време сум фасциниран од нејзината древна култура и историја, а да не го споменувам фактот дека сум среќен што посетив неколку грчки убави и уникатни места“, вели принцот Чарлс.
Кралската двојка, принцот Чарлс и и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, треба да пристигне во Атина утре попладне и, откако ќе положи венец на гробот на Непознатиот војник, ќе се состане со претседателот Прокопис Павлопулос, а потоа со премиерот Алексис Ципрас.
Принцот Чарлс е син на британската кралица Елизабета Втора и на нејзиниот сопруг, прицот Филип кој е потомок од грчко и данско кралско семејство.





