Грчката влада е подготвена да продолжи со постепена изградба на челичната оградата по целата должина на реката Марица со Турција, изјави министерот за заштита на граѓаните, Такис Теодорикакос, во интервју за приватната мрежа ТВ Скаи во саботата.
Грција веќе изгради четириесет километри ограда во близина на преминот на реката Еврос(Марица) на границата со Турција за да спречи илегални мигранти да влезат во земјата,
Вкупната должина на оградата ќе биде 140 километри , најави министерот.
Министерот во интервјуто рече дека во 2022 година, според официјалните податоци, биле спречени над 250.000 илегални мигранти да влезат во Грција од Турција.
Грција во декември објави дека ќе испрати 250 гранични полицајци да ги засилат мерките за патролирање и надзор во областа на реката Марица на турската граница.






