Копнените граници кон Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а кон нашата земја ќе функционира само граниќниот премин „взони, јави дописничката на МИА од Атина.
„Во однос на копнените пристигнувања, од 1 јули имаме укинување на рестрикциите за Албанија и Северна Македонија, доколку сè оди добро“, соопшти министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, на денешната прес-конференција во пресрет на туристичката сезона.
Иако во Грција од понеделник Туристичката сезона во Грција официјално започнува на 15 јуни, но копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција ќе останат затворени до крајот на овој месец,
Исклучок се апсолутно неопходните службени патувања, додека пак границата со Бугарија ќе биде отворена.
Во периодот од 15 до 30 јуни, ќе бидат дозволени авионски летови и од Македонија и Албанија само кон атинскиот аеродром, но само за основни и конкретни цели, но не и за туристи.
Сите туристи кои по 1 јули ќе пристигнат во Грција, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена карантин во хотел-карантин.




