Грција нема ништо против започнување на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ, но со отворање на поглавјата владата на Мицотакис ќе се залага да се намалат последиците од Преспанскиот договор, изјави портпаролот на владата Стелиот Пецас.
Во интервју за грчката телевизија, ЕРТ, призна дека ќе биде многу тешко да се промени или да се поништи договорот од Преспа.
„Она што треба да го направиме во оваа рамка што е веќе создадена е да ги намалиме негативните последици на две нивоа.
Прво, со започнување кампања во целиот свет за вистинската Македонија, нашата Македонија и заштита на ниво на ЕУ, дека интересите на нашата земја ќе бидат задоволени, кога ќе се отвораат или ќе се затвораат поглавја во преговорите на соседната земја.
Секогаш ќе бидеме таму и нема да го напуштиме и правото на вето кога ќе треба да бидат задоволени нашите интереси“, објасни портпаролот на грчката влада.




