Официјална Атина ја одби понудата на турскиот претседател Ердоган за враќање на двајцата грчки војници, кои беа притворени во Турција на почетокот на март, доколку Атина ги екстрадира осумтемина турски војници кои побараа азил во Грција по обидот за државен удар во јули 2016 година.
Вчера, Ердоган за прв пат директно ги поврза двата случаи и понуди „размена“ потврдувајќи ги стравувањата на Атина дека Анкара би можела да ги користи војниците како „чипови“ за преговарање.
„Тие (Грција) бараат да ги вратиме грчките војници и им рековме„ако направите такво барање, прво треба да ни ги дадете војници на ФЕТО кои беа вклучени во државен удар против нашата држава“”, рекол Ердоган во интервју во живо Телевизија НТВ, ако што пренесе АФП. Ако ни ги предадете ќе ја разгледаме ситуацијата на грчките војници, рекол Ердоган.
Во соопштение од Атина одговорија дека „од вчерашнатае изјава на турскиот претседател, ние го подржуваме позитивниот дел, враќање кон мирот во Егејот и поддржуваме дијалог меѓу двете земји во важните сектори, вклучувајќи го и прашањето за безбедноста. Сепак, чекаме ова да се докаже во пракса со промена на провокативниот турски став во Егејот “, се вели во соопштението од кабинетот на Премиерот Алексис Ципрас..
„Позицијата на Грција и на ЕУ е јасна и цврста за потребата од итно враќање на двајцата грчки војници, без неприфатливи размени и услови“..
Осумте турски војници со хеликоптер побегнаа по неуспешниот обид за пуч и побараа азил во Грција.





