Грција истражува дали Заев поддржал и промовирал антигрчки иредентизам

Грчката влада истражува дали македонскиот премиер Зоран Заев и уште еден висок член на владата учествувале на настан кој може да се смета за провокација кон грчката историја и култура.



Грчки извори во Атина не откриваат за каков настан се работи. Од таму се тврди дека премиерот во текот на јуни бил присутен на место „Каде што бил демонстриран антигрчки иредентизам и нов обид за кражба на грчката историја и култура“.

Според информациите Заев и другиот висок владин гостин не биле организатори туку гости на настанот кој се случил во текот на јуни.

Организаторот на настанот според информациите, свесно се обидел да ја фалсификува реалноста и грчката историја и со тоа директно да се минимизира Преспанскиот договор кој јасно укажува дека грчката Македонија е целосно различна од „Словенската Македонија“.

Информациите за овој настан за кој македонската јавност не е информирана дошле од грчки граѓани во Скопје но и од луѓе во Македонија кои се загрижени дека несериозните власти во Скопје можат да предизвикаат нарушување на се подобрите односи меѓу Грција и „поранешниот ПЈРМ“ како што сега се почесто неформално во Грција се именува Македонија.