Жители од околината на Преспанското Езеро велат дека опаѓањето на нивото на езерото е последица на излевањето на езерото во Грција, каде се користи за наводнување на земјоделски површини, еден дел во Албанија како и другиот дел во Охридското Езеро.
Климатските промени се дополнителна причина поради која не може да се врати нивото на водата колку што беше пред неколку години.
Повлекувањето на Преспанското Езеро се забрзува. Процесот е започнат од 1972 година, а до денес е повлечено 3,5 километри.
Иако станува збор за период од повеќе децении, сепак надлежните не преземале ништо за да го спречат тоа.
Екологот Саше Кировски за вели дека Владата треба да испрати протестни ноти до Албанија и Грција за злоупотреба на водата на Преспанското Езеро, доколку сакаат ова езеро да се зачува и заштити, пренесува ТВ21.







