Грчки дипломатски извори брифираат дека Атина ќе направи сѐ што може за да им помогне на Македонија и на Албанија да добијат датум за ЕУ, бидејќи Атина сака на север да има стабилни соседи со европска иднина, а кога ќе созреат условите овие две земји да бидат најдобри сојузници на Грција.
Истите извори, како што јави дописничката на МИА од Атина, паралелно објаснуваат дека Грција е против раздвојување на кандидатурите, односно дека Северна Македонија и Албанија треба заедно, во пакет да добијат датум за почеток на пристапни преговори со унијата и истакнуваат дека пристапниот процес во ЕУ, паралелно е и процес на внатрешни реформи за самите земји.





