Грција дефинитивно не е заинтересирана за изградба на Коридор 8 и со децении прави се’ што е можно да го спречи, вели за агенцијата БГНЕС Стефан Стојанов, поранешен амбасадор на Бугарија во Грција во периодот 2002-2006 година.
„..Неколку децении, грчката страна дефинитивно нема интерес за овој проект, кој ќе ја поврзе Бугарија преку Македонија и Албанија со Јадранското Море – краток пат до Италија. На овој проект во Грција се гледа како конкурентен на еден од нивните, проект што на сличен начин ги поврзува Италија и Турција преку северна Грција – Виа игнација.
Грција со децении прави се’ Коридорот 8 да не биде приоритет.
И, како што можеме да видиме, доста успешно“, вели екс-амбасадорот Стојанов за БГНЕС.




