Екатерини Сакеларопулу, новоизбраната претседателка на Грција денеска во парламентот ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа, во претседателската палата и официјално ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос, јави МИА од Атина.
Поради превенција од коронавирус, во Парламентот на свеченоста, наместо 1.000, колку што беше првично планирано, ќе бидат поканети само 100 лица, а Сакеларопулу го одложи приемот за честитки, закажан за утре.






