Грција бара Заев и министрите да не го користат хаштагот #Macedonia #Македонија

Високи грчки претставници во неколку наврати неофицијално ја предупредиле македонската влада дека веќе за официјални потреби и обраќања кон јавноста не смее да го користи хаштагот #Macedonia (#Македонија)



Според грчката страна владата во Скопје не смее да го користи зборот #Macedonia без да дефинира дека се работи за North или Северна Македонија.

Грчката страна сугерира Владата да им препорача на сите свои граѓани во иднина согласно договорот да не се користи зборот #macedonia иако во Атина се свесни дека голем дел од Македонците нема да ја слуша владата и дека за инает ќе ја интензивира употребата на #Macedonia на социјалните мрежи.

Грчката страна препорачува Македонските власти од сега да го користат хаштагот #NorthMacedonia за да се направи дистинкција од грчката Македонија.

Засега во Атина не се размислува за официјална реакција и санкции за употребата на #Macedonia но ако не се гледа напредок тогаш сите опции се во игра, тврдат дипломатски извори во Атина за expres.mk

Од Грција потсетуваат дека и по приемот на Македонија во НАТО ќе може 35 пати да ја блокира земјата во текот на преговорите со ЕУ.