Министерството за цивилна заштита на Грција на оглас бара лица со познавање на македонски јазикза вработување во Националната агенција за разузнување, пренесува МИА..
Ова е прва официјална употреба на терминот „македонски“ покрај кој во заграда стои – јужнословенски.
Огласот е објавен во Владиниот весник „Ефимирида тис кивернисиs“.
Грчката Националната агенција за разузнавање распиша оглас за пополнување на 302 работни места, од кои 56 во одделот за преведување, толкување и сослушување со познавање на десетина јазици како англиски, француски,германски…и, како што стои во огласот, „македонски (јужнословенски) јазик“.





