Атинските медиуми објавија дека Грција бара одговор од Србија зошто не била навремено информирана што се превезува со украинскиот авион „антонов“ кој на 16 јули вечерта падна на 40 километри пред Кавала.
„Катимерини“ наведува дека Грција со истото барање се обратила до властите на Украина, пренесе РСЕ.
„Тоа може да значи дека нешто не е во ред, дека може да има нешто сомнително во тој транспорт“, изјави Никос Пелпас, дописник на грчкиот јавен сервис ЕРТ од Белград, за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија нема што да крие. „Се е чисто како солза. Сите процедури беа испочитувани. Тој авион носеше маневарски мини за Бангладеш, што беше потврдено од нивната влада. За жал, се случи трагична несреќа“, изјави Вучиќ на 18 јули.
Авионот Ан-12 од Ниш во Бангладеш превезувал 11,5 тони школски и осветлувачки гранати за минофрлачи. ТНаводно, станува збор за стоката од белградската компанија „Валир“ и дека се превезувала со авион во сопственост на украинската карго компанија „Меридијан“.
ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК







