„Навредени“ Грци реагираат до своето Министерство за надворешни работи и до новиот шеф на дипломатијата Никос Дендијас за тоа што на Генералниот конзулат на Македонија во Торонто сè уште стои натпис со претходното име на државата.



Тие ја прашуваат комисијата при грчкото МНР за контрола и евидентирање на прекршувањата на Преспански договор од македонски државни иинституции дали реагирала за ова и, ако не, што чека.

„Дали мислите дека е в ред за прекршувањата да бидете информирани од граѓаните?“, јавно прашува еден од „навредените“ на Твитер, нарекувајќи ја Македонија – „Скопје“.