Грчкото барање за компензација за германската окупација е активно!

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос смета дека грчките барања против Германија за  окупацијата од Втората светска војна се с’е уште законски активни и спроведливи.



Подготвениот говор на Павлопулос, во име на претседателот, го прочитал градоначалникот на Додони, Христос Дакалетис, на комеморација во чест на жртвите на нацистичките злосторства во селото Музитиса.

Павлопулос ја откажа посетата на Додони поради тридневните жалост за жртвите од катастрофалниот пожар во источна Атика. Во подготвеното обраѓање на Павлопулос, како што ренесува АНА-МПА, меѓу другото се вели:

„Во овој контекст на светото сеќавање – и далеку од каква било логика на одмазда која е сосема туѓа за нас, Грците – ги вклучуваме легитимните барања против Германија за наметнатиот заем и за општа компензација за германската нацистичка окупација.

Нашите горенаведени тврдења се секогаш законски активни (…)  и може да се бараат преку судовите. Нашата заедничка европска правна култура бара таква одлука да ја донесе надлежен судски форум, врз основа на релевантно меѓународно право. Оваа позиција сега е буквално национална и затоа не може да се преговара“, смета грчкиот претседател Павлопулос.