Противниците на Преспански договор во Грција својот револт од, како што велат, продажбата на Македонија од Владата на Ципрас, го изразуваат на најразлични начини, па и на спортската опрема, каков што е случајот со фудбалскиот нисколигаш Неаполис.

Управата на членот на Третата грчка лига отпечати нови дресови со бела боја, на чиј заден дел, над бројот на играчот, е аплицирана карта на (Егејска) Македонија со грчкото знаме во нејзината заднина.
Досега „македонското прашање“ се злоупотребуваше преку транспаренти на фудбалски натпревари во Грција со пораките „Македонија е една и единствена и таа е тука“ и „Македонија е грчка“, а ова е прв случај политиката да се замеша во спортот и на опрема.





