Грчко сценарио во најава од Софија како услов за решавање на спорот со источниот сосед.
Бугарскиот претседател Румен Радев со официјална вербална изјава ја повика Македонија да ги вклучи Бугарите во својот устав и тие да имаат гаранции во највисокиот правен акт на Македонија и во „институционалната архитектура“ на земјата пред „да ја отвори вратата“ за преговори.
Бугарскиот претседател Радев ова го побара во интервју за бриселското издание EurActiv, емитувано на првиот ден од Европскиот совет.
На прашањето дали неговите зборови значат дека Македонија треба да го „промени својот устав“, тој одговори „тоа е прашање на принципи, а не на преговори“.
Според него, Бугарија слушнала многу ветувања без резултат за односите меѓу Скопје и Софија и има потреба од правни гаранции и „одржливи резултати“. „А што е подобро од промена на уставот?“, изјави Радев.
Ова е прва официјална изјава на бугарски политичар со која се порачува дека е потребна промена на уставот на Македонија.
Предходно на барање на Грција СДСМ и Заев во криминална атмосфера го променија македонскиот устав.






