Грчки остров протерува српски туристи

Група српски туристи денеска присилно ќе мора да го напушат грчкиот остров Евија.



Тие мораат да се спакуваат и да заминат во 14 часот бидејќи жителите на Евија, од страв поради коронавирусот, не го сакаат нивното присуство.

Грчките власти организирале превоз до бугарската граница, јавува Б92 повикувајќи се на сознанија на „Новости”.

Туристите, по влегувањето во Грција не морале да бидат ставени во карантиран бидејќи имале негативни тестови, но грчките домаќини не можеле да прифатат дека српските туристи можат слободно да се движат.