Демонстрант држи отворен универзитетски учебник и натпис „Се продава“, за време на демонстрациите вчера во центарот на Атина: Фото АП
Повеќе од половина од факултетите на универзитетите се под окупација на студенти во знак на протест поради планираните образовни реформи кои ќе им овозможат на приватните универзитети да работат во Грција.
Бројот на окупирани академски институции е во пораст, приближувајќи се до 250 од вкупно 450 факултети и катедри во целата земја.
Ректорите изјавија за „Катимерини“ дека донесувањето на новиот закон – колку побрзо, толку подобро – ќе ги смири реакциите.






