Home Популарно Грчки земјоделци денеска ќе го блокираат граничниот премин Ники-Меџитлија

Грчки земјоделци денеска ќе го блокираат граничниот премин Ники-Меџитлија

 

Блокадата ќе трае од 11 до 17 часот по македонско време.



Земјоделците од северот на Грција целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна, што значи дека нема да функционира и граничниот премин Меџитлија.

И грчките фармери ќе ги преселат тракторите од нива на автопатите

„Македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила“, потврдија од граничниот премин Меџитлија, откако грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби.

Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.