Грчки свештеник победи на хуманитарната трка во траење од 90 часови и собра над 50 илјади долари за помош на социјално загрозени грчки децс.
Но на церемонијата на прогласување тој не зборел само за хуманата акција и за децата за кои собрал помош туку пред се за Македонија.

Обвиен во грчкото знаме на кое има порака Македонија е грчка отецот Теодорос од селото Јаница во северниот дел на земјата, кој минал над триесет километри во трката, на присутните во Културниот Центар на Фондацијата Ставрос Ниархос во Јужниот дел од Атина им говорел за македонското прашање.
“Сакам да испратам порака секаде, дека Македонија е Грчка. Тоа е историја и историјата не може да биде променета”, изјавил отецот кој му се заблагодарил на Бога за победата.




