Грчки „Мираж“ падна во Егејот додека бркал турски авиони

Еден од двата грчки авиони кои биле испратени да пресретнат турски летала во Егејот паднал во грчки територијални води.



Контактот со леталото кое се бара во Егејот и изгубен 15 минути по 12 часот на 14 километри од местото Скирос.

Грчките власти не веруваат дека авионот паднал по судир со турски летала.

Во потрагата по пилотот чија судбина засега е непозната се вклучени грчки воени бродови.