Грчки инвеститор кој сака да прави пари во Македонија под истрага на ЕУ за корупција

Европската комисија го информирала грчкиот дистрибутер на електрична енергија Јавната електроенергетска корпорација (ППЦ) дека ги прекршил антимонополските регулативи на ЕУ со продавање на електрична енергија на грчкиот пазар под цената на чинење, со што ги исклучила нејзините главни конкуренти.



ППЦ е најголемиот малопродажен снабдувач и снабдувач на големо на електрична енергија, во која грчката држава е важен малцински сопственик. Од 2013 до 2019, ППЦ ги контролирало сите водни и капацитетите на јаглен, како и некои од капацитетите на природен гас и оние на обвновливи извори на енергија. Била активна и во снабдување на електрична енергија за малопродажба и деловните потрошувачи.

Европската Комисија е загрижена дека меѓу 2013 и 2019 ППЦ ја злоупотребила доминантната позиција на грчкиот пазар за електрична енергија на големо со обезбедување на електрична енергија произведена од нејзините термоцентрали на јаглен и гас по цена пониска од реалната цена на чинење.

Сонежот е дека ефектите од ваквото наводно однесување на грчкиот пазар на големо за електрична енергија биле дека независните провајдери на електрична енергија биле маргинализирани и одвараќало од инвестирањето во поеколошки изворите на енергија. Ова можело да ги спречи независните диструбутери на електрична енергија од проширување на малопродажно ниво, спречувајќи ги напорите за либерализација на пазарот на мало што беше формално завршен во јули 2013 година. Затоа, однесувањето на ППЦ можеби довело до повисоки цени за грчките потрошувачите, како и до повисоко ниво на емисии на загадување на локално ниво.

Инаку, Грчки ППЦ требаше да го гради Чебрен, но по Нова Година договор со компанијата пропадна.

Исто така, фирма ќерка на ППЦ која функционира на македонскиот пазар, ЕДС се јави на повикот за избор на нов Универзален снабдува. ЕДС е познат трговец со струја во државава, јави Телма.

Пред два дена новинарот на Заспиј ако можеш Горан Момироски објави дека ако ЕДС стане нов универзален снабдувач со струја во Македонија ќе мора да се зголеми цената за струјата затоа што грчката фирма нема соодветна инфраструктура чие создавање или изнајмување значително може да ги порасне сметките за струја.