„Договорот во Преспа не остава простор за отворање на прашањето за малцинство“, изјави денеска дипломатски извор за агенција АНА-МПА, одговарајќи на сторијата  објавена во електронското издание на Би-Би-Си, која се однесува „угнетените Македонци –Словени“ во Грција.



„Извештајот на Би-Би-Си, содржи неточни и искривени информации за историјата и за Преспанскиот договор, а владата планира да испрати писмо до Би-би-си со цел да ги отфрли (таквите информации-н.з.)“, пишува агенциајта.

Од грчката влада денеска реагираа и на обвинувањата на Неа демократија во врска со написот.

„Тие одлучија повторно да станат екстремни пропагандисти врз основа на неприфатливи и неосновани тврдења, потврдувајќи дека не се само неуки, туку и се национално опасни“, се вели во реакцијата на владината прес-служба.

Оттаму  нагласуваат дека „како што премиерот истакна (…), Преспанскиот договор, се залага на официјален и на меѓународно обврзувачки начин дека нема малцински проблем“.