Неа демократија денеска ја критикуваше владата поради тоа што не доставила официјален превод на македонскиот устав, откако беа усвоени амандманите согласно со договорот од Преспа.
Дебатата за договорот за името, потпишан во јуни меѓу Атина и Скопје, започна во понеделникот во Комитетот за надворешни работи, аратификација се очекува на пленарна седница во четврток вечерта.
„Ова е неверојатно … Не можеме да разговараме [за договорот] во политички вакуум“, рекол министерот за надворешни работи во сенка на Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос.
„Дознаваме дека текстот на уставот е полош од договорот на Преспа и затоа не го објавуваат јавно“, изјавија извори од Неа демократита за „Катимерини“.





