Грчката дијаспора бара прекин на разговорите за името на Македонија

Неколку организации на грчката дијаспора испратија писмо до министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, во кое го обвинуваат за понижување на Грците низ светот и инсистираат да се прекинат разговорите за разликата за името на Македонија.



Во писмото се вели дека „е очигледно дека преговорите се во ќорсокак о нема причина за нивно продолжување“.

Тие го обвинуваат првиот грчки дипломат дека направил „лекомислени отстапки“, согласувајќи се во името на северниот сосед да биде вклучен терминот „Македонија“.

„Во моментов треба да се прекинат преговорите и да запрете со понижувањето на достоинството на Грците низ целиот свет со Вашето надтојување да им го дадете името на Словените од Скопје“, се вели во писмото.

В петок и во сабота Коѕијас и неговиот македонски колега ќе се сретнат во Сунио кај Атина, а ќе им се придружи и медијаторот Метју Нимиц.

За 17 мај во Софија, пак, се најавува средба на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев на маргините на самитот ЕУ – Западен Балкан.