Грчка „златна виза“ за само 400.000 евра

Државјани на трети земји кои сакаат да инвестираат во Грција и во недвижности  ќе можат да добијат дозвола за престој во земјата.



Според амандман од Министерството за имиграциона политика, кој се очекува да биде поднесен таканаречена „Златна виза” може да добијат сите оние кои ќе депонираат најмалку 400.000 евра во банкарска сметка во грчка кредитна институција.

Во исто време, оние кои ќе ја добијат ваква дозвола за престој исто така ќе можат да ги донесат членовите на нивните семејства во Грција.