Грчка истрага откри дека СДСМ и ДУИ преку Оперативната Техничка Агенција (ОТА) поседуваат малициозен софтвер за следење на граѓани.
Премиерот Ковачевски во име на владата е координатор на сите служби за безбедност меѓу кои и ОТА а според извори во ДУИ за сите прашања на оваа тема тој го информира и вицепремиерот Артан Груби со што двете владеачки партии имаат контрола на работата на ОТА и спорниот софтвер за кој предупредува и НАТО.
Според грчката мрежа Inside Story која во соработка со ИРЛ го истражува софтверот преку призма на соработка меѓу Атина и Скопје спорната програма ,,Предатор” се користи од ОТА и други македонски служби за безбедност иако за тоа досега не е информирана ниту Комисијата за надзор на работата на тајните служби, ниту јавноста.
,,Она што Ротем Фаркаш го тврдеше за намерата на владата да ја легализира употребата на шпионски софтвер за време на неврзани разговори со неговите грчки пријатели во втората половина на 2020 година, се чини дека се потврдува со фактот дека владата на Мицотакис стапила во контакт со (македонската) Оперативната техничка агенција кон крајот на 2020 година.
ОТА е агенција задолжена за легално следење на комуникациите во Македонија од 2018 година.
Лице со добро познавање на содржината на разговорите Атина-Скопје што започнаа кон крајот на 2020 година, изјавило за Inside Story и IRL дека Грците биле заинтересирани да научат од Македонија како функционира ОТА и како разузнавачките служби во земјата и другите агенции за спроведување на законот користат шпионски софтвер на легален начин.

За возврат, Македонија изрази интерес за дигитализација на грчкиот јавен сектор – при што Министерството за дигитално управување е одговорно министерство за имплементација – и за разни други прашања за сајбер безбедноста”, пишува Inside Story.

,,За разлика од (грчката) НИС, ОТА не е тајна служба, туку плод на болните искуства што ги живееја граѓаните на Македонија за време на повторените скандали со следење. Последниот од од нив се случи за време на администрацијата на Груевски, кога над 20.000 луѓе беа ставени под надзор меѓу 2008 и 2015 година. Целите вклучуваа граѓански активисти, политичари од сите партии, новинари, дипломати и бизнисмени.
По падот на Груевски, САД и Европската унија ја принудија владата на Македонија да формира техничка агенција – политички неутрална, која ќе известува пред парламентот, а не пред политичката моќ – за да се справи со барањата на разузнавачките, полициските и царинските служби за следење на граѓаните на земјата. Институционалната рамка на Македонија, исто така, дозволува употреба на шпионски софтвер со – барем на хартија – различни заштитни мерки против можна злоупотреба.
Желбата на владата на Мицотакис да ја легализира употребата на шпионски софтвер, изразена во втората половина на 2020 година, всушност дојде по пилот тестирањето на шпионскиот софтвер Predator, кој, како што објави Inside Story, веќе започнал во Грција уште во август 2019 година, набргу откако Нова демократија дојде на власт.
Кога започнаа контактите меѓу НИС и ОТА, Интелекса веќе имаше шест или седум месеци присуство во Грција. Основана е во март 2020 година, додека првите лажни домени кои имитираат познати грчки веб-страници со цел да се заразат со Predator мобилните уреди на поединци во Грција беа создадени до јули 2020 година. Знаеме дека новинарот Танасис Кукакис беше една од првите Predator мети во долгата листа на имиња која вклучува политичари, бизнисмени и функционери на вооружените сили, меѓу другите. Неговото прво таргетирање се случи на 31 јули 2020 година, кога НИС веќе продолжи со укинувањето на доверливоста на неговите комуникации и слушањето на разговорите на новинарот од „причини за национална безбедност“, пишува Inside Story во информацијата која открива дека македонските власти поседуваат софтвер кој може да ги следи буквално сите комуникации на граѓаните и пред сите други, политичките противници.
Владата и премиерот Ковачевски кој како координатор на сите служби за безбедност мора да знае за овој скандал засега молчат.
Ако не знае ситуацијата е уште потрагична.
Од непознати причини Инсајд Стори и ИРЛ главната вест во истражувањето дека македонските власти поседуваат шпионски софтвер кој е спорен дури и за НАТО е засенета од нацрт договор за соработка меѓу Скопје и Атина и влијание на Израелски бизниси на грчката влада.
За македонските граѓани и институции веста на годината е дека владата преку ОТА има софтвер за следење на комуникации за кој никој не знае за што се користи.
Фото во текст Inside Story






