Овие од власта ги пробиваат сите плафони, овие нивни вакви криминогени работи се уникатни. Ваква една зделка од милијарда и триста милиони евра значи на самиот уште почеток има контроверза до контроверза, и станува збор за матна до матна зделка, рече Солза Грчева, претседател на Глас за Македонија на гостување во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа.



„Не е на увид даден договорот, бидејќи сигурно е скандалозен. Сакам да знам за каков тип на автопати станува збор. Ние сме тие луѓе кои плаќаме даноци, за да се изгради овој пат. Бехтел и Енка ја следат многу скандали, каде што граделе. Во Косово е многу чудна ситуацијата, дури и смешна. За милијарда и 300 милиони долари, биле изградени 80 км, на крај проектот чинел две милијарди, но најчудно е што во овој проект бил вклучен и американскиот амбасадор“, рече Грчева.

Грчева наведе и некои „пропусти“ при постигнување на овој договор со Бехтел и Енка.

„Прво, заобиколен е Законот за јавни набавки, замислете за зделка од 1,3 милијарди евра, второ, се работи за делчиња од коридори, а не цели коридори, што значи ќе треба уште милијарди за да дојдеме до коридори.

Дополнително ние како граѓани ги плаќаме овие проекти и треба да ни дадат низа на детали за изградбата“, посочи Грчева.

Грчева за „тајноста на договорот“ за изградба на коридорите 8 и 10Д вели:

„Не може да потпишат договор на непостоечки закон, Артан груби прави прес и не одговара на прашања и упатува на надзорот…поднесуваат измени на девет закони и измените се крајно контроверзни, и ем се контроверзни ем нема никаква дебата за измените на овие закони“, вели Грчева.

Според Грчева, потребно е да се објават стандардите по кои ќе се работи на овие патишта, колку ленти ќе имаат, дали секаде е автопат или експресен пат кој е многу поефтин.

„И на крај еден ваков договор премиерот Ковачевски вели дека е класифициран, а го плаќаме од наши пари“, заклучи Грчева.