Грчева за Резолуцијата на Бундестагот: Ни признавале идентитет и јазик во сопствена држава? А, благодарам многу

Поранешната пратеничка Солза Грчева ја коментира Резолуцијата на германскиот Бундестаг за Македонија.



„Само очајници и ПР лажговци можат да ја гледаат Резолуцијата за Македонија изгласана во Бундестагот како поддршка за нас.

Ни признавале идентитет и јазик во сопствена држава? А, фала многу. Пред тоа не знаевме ниту кои сме, ниту како зборуваме, ниту зошто ја газиме земјава.

Петпарачка замка за наивни и за домашни препукувања, при тоа на Бугарија ѝ се уважуваат сите барања кои се во протоколот.

Туку, и со ЕУ, и без неа, најпрво треба да се раскине договорот од Преспа, на кој му кумуваше токму и Германија. Од таму почна нашето самоубиство како народ“, заклучува претседателката на партијата Глас за Македонија во својата објава на Фејсбук.