Лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева со свое објаснување за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон нејзината партија која доби можност за кандидатура за градоначалник во Центар и за елиминација од СДСМ на градоначалникот Максим Димитриевски од трката во Куманово.
“Да се застане зад кандидатура на независен кандидат или од помала партија е израз на позитивни внатрепартиски, демократски промени. Тоа не е израз на слабост. Да се шутне Максо за Куманово што изразил свои ставови, тоа е диктатура. Ако не е стопроцентен следбеник на Султанот, го елиминираат како диво месо. Тоа нема врска со демократија. Ама кој да му објасни на “едуцираниот” Заев”, пишува Грчева на Фејсбук до премиерот.
https://www.facebook.com/100005513921099/posts/1719083944952053/
На својот Твитер профил Грчева е многу подиректна.






