Грчева: Врхушката од ДУИ “не е од овде” и појма нема за донациите од „Еуровиа“

„Народов се дави во сиромаштија, ДУИ се дави во пари“, реагира претседателката на „Глас за Македонија за скандалот со фирмата Еуровиа, која добила баснословен тендер од државата и, како што вели, “нормално” од благодарност дел од парите во незаконски износи му ги враќа на ДУИ.



Газдата на „Еуровиа“ е редовен донатор на ДУИ, потпретседателот на партијата не знаел

„Се разбира врхушката на ДУИ “ не е од овде” и поим нема.
Но, прашувам како смеело “ донацијата” да не биде јавно објавена?
Како поминал извештајот кај УЈП и во Државниот Завод за Ревизија?
Како смеело со таков извештај, на партијата да и се исплатат годишните пари од буџетот?
Зошто не се казнети или зошто не им е конфискуван имотот?
За други партии, не смеете да имате 10 денари непокриена сметка, за овие нема закон кој ги фаќа.
Небиднина!- констатира Грчева.