Грчева: Време е за избори, а богами и за Идризово!

Поранешната пратеничка Солза Грчева, претседателка на партијата Глас за Македонија, со свое видување за вадењето предмети од фиока за „Скопје 2014“ во екот на корупциските скандали во кои се дави власта.



„Оваа власт, која се држи за сламка, баш најде кога да го извади предметот за ‘Скопје 2014’. Токму кога внукот на Ахмети на 24 години ја купува ‘Соравија’.

Оваа власт, која се држи на давеничка сламка, реши да извади предмет од фиока за ‘Скопје 2014’.

Во меѓувреме: Не се откажува од Мерко;

Внукот на Али на 24 години ја купува ‘Соравија’ (многу бил учен и затоа имал многу пари);

Мангупите кои се божем осудени се бањаат во Струга;

‘Бехтел и Енка’, мега кражба;

Австрискиот амбасадор ги посочува Заеви за корупција (човекот за една употреба);

Дечки, време е за избори, а богами и за Идризово!“, реагира Грчева.