Претседателката на вонпарламентарната партија Глас за Македонија“ и поранешен пратеник Солза Грчева преку објава на својот фејсбук-профил реагираше во врска со (не)спроведувањето на некогашните договори од Минск, склучени во 2015 година во Минск, Белорусија, меѓу Украина, Русија и ОБСЕ, со цел да се оконча воениот судир во областите на Луганск и Донецк, кои го сочинуваат регионот на Донбас. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „непочитувањето на ‘Договорите од Минск’ е причина за признавањето на Луганск и Донецк како засебни републики и за руската воена интервенција во Украина“.
Солза Грчева напиша на фејсбук: „Во светло на денешните настани, се сеќава некој дека беа потпишани два меѓународни договори, Минск1 и 2?“
„Кој не ги почитуваше? И сега боли. Е, па боли.“
„Жално е само за луѓето, кои страдаат. Словенски народи, од страна настрвени, еден против друг. За пусти туѓи интереси.“





