Претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, реагира по информациите дека фирми земале кредити од пропадната „Еуростандард банка“ за кои никогаш не платиле ниедна рата:

„ Во нормални држави паѓа влада да откријат дека братот на Премиерот земал кредити од Еуростандард банка и не ги враќал.
Ја пропаднал банката и оштетил над 700 штедачи. До вечер ќе му дојде полиција, а владата ќе оди во аут.
Исто и сопстеникот ќе оди одма во апс што давал сомнителни кредити“, пишува Грчева на Фејсбук.





