Грчева: Си ги делат министерствата како шпил карти

Гледате како си ги делат сега со Алијанса министерствата, директорите – реагира професорката и лидер на партијата „Глас за Македонија“ за новиот пазар околу челните позиции во некои министерства, фондови, директорати во очекување Алијанса на Албанците да влезе во Влада.



„Како шпил карти – вели Грчева и додава:

„А божем има закони, конкурси…

Знаете кога ќе не биде како држава? Никогаш, а може ни тогаш.

Овде способни не се пожелни. Затоа ги избркаа и ги бркаат.

Ова е мочуриште кое смрди на распад. И уште пак некој ги кочел во европската иднина. Кого? Овие битанги?, пишува Грчева во објава на Фејсбук